За „звучниот топ“ се водела само формална истрага, утврди комисијата на Врховното обвинителство на Србија
Комисијата на Врховното јавно обвинителство денес го објави својот прв извештај по увидот во списите на предметите на Вишото јавно обвинителство во Белград. Меѓу предметните случаи е и случајот „Звучен топ“, во кој се вели дека ова обвинителство однапред одлучило дека нема употреба на звучно оружје и ги таргетирало и им се заканувало на граѓаните кои зборувале за тоа. За прв пат, извештајот покажува и дека обвинителството се обратило до БИА со барање да провери вкупно 154 граѓани кои дале изјави за употребата на звучен топ, пишува „Нова.рс“.

Случајот „Звучен топ“ го презеде Вишото јавно обвинителство од Првото основно јавно обвинителство и се однесува на настанот од 15 март 2025 година, кога во Белград се одржа протестот „15 за петнаесет“, кога гласен звук, сличен на звукот на авионски мотор, го прекина оддавањето на попочитта на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад.
Во извештајот на комисијата се наведува дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур издал привремена мерка со која ѝ наложил на Република Србија да спречи понатамошна употреба на звучно оружје на идните протести.
Вишото јавно обвинителство во Белград издало службена белешка од 11 септември 2026 година, во која одлучило дека нема место за покренување кривична постапка, односно дека на 15 март 2025 година не е употребен „звучен топ“ или какво било друго „звучно оружје“. Во истата белешка е истакнато дека наводите за употреба на „звучно оружје“ се тенденциозни и се изнесени од лица со намера да ја дестабилизираат државата.
Сепак, Комисијата оценува дека оваа одлука е донесена однапред и дека целата постапка имала за цел нејзино формализирање, а не утврдување на вистината.
Комисијата во извештајот наведува дека во заклучоците на јавните обвинители, потписници на службената белешка, има „бројни пропусти што не можат да се припишат само на грешки во правното расудување“
…






