Нетанјаху во Газа: Израел нема да се повлече од областите што ги контролира


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време на ретка посета на Појасот Газа, изјави дека Израел нема намера да се повлече од областите што ги контролира во палестинската енклава разурната од војната.

– Ја контролираме зоната. Нема да се повлечеме, ќе останеме на истата линија. Под наша контрола се 60 проценти од Појасот Газа и нема да запреме, бидејќи од ден на ден ќе ги елиминираме терористите што ни се закануваат – изјави Нетанјаху по средбата со израелските војници во близина на „жолтата линија“, која ја означува границата на зоната под израелска контрола.

Неодамнешниот договор за разоружување, што САД го постигнаа со палестинското движење „Хамас“, беше оценет како потенцијален пробив во напорите за ставање крај на војната, која беше предизвикана од смртоносните напади на „Хамас“ на 7 октомври 2023 година во јужен Израел.

Сепак, Нетанјаху минатиот месец изјави дека го отфрла планот од 15 точки на американскиот претседател Доналд Трамп и нагласи дека Израел нема да се повлече од Газа сè додека „Хамас“ целосно не се разоружа.

Back to top button
Close