Литванија повика на заеднички одговор на НАТО на руските хибридни напади

Литванскиот министер за одбрана Робертас Каунас смета дека НАТО треба да „најде соодветен одговор на заканата што ја претставуваат руските хибридни напади“, јави ДПА.
– Во моментов сме соочени со реалноста дека Русија нема да се промени. Тоа значи дека како организација НАТО мора да биде способна да се справи со заканите од ‘сивата зона’ со кои денес сме соочени и соодветно да одговори на нив – изјави Каунас.
Toj го коментираше случајот со неуспешниот напад со беспилотни летала наполнети со експлозив врз аеродромот „Лајпциг/Хале“ во Германија, за кој германската Влада ја обвинува Русија.
На прашањето зошто НАТО не го активирало членот 4 во врска со инцидентот, Каунас одговори дека Германија јасно ја идентификувала Русија како агресор. Членот 4 од Северноатлантскиот договор предвидува консултации меѓу сојузниците доколку земја членка на Алијансата оцени дека е изложена на надворешна закана.
Претходно Владата во Вилнус изрази безусловна солидарност со Германија. с






