Две лица пронајдени мртви во Куманово
Педесет и седумгодишен кумановец вчеравечер бил пронајден починат во возило паркирано во кругот на Општа болница Куманово.

– На 04.09.2026 во 19:46 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека на паркинг просторот во Општа болница Куманово, во патничко возило со кумановски регистарски ознаки бил пронајден починат Б.В. (57) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
УШТЕ ЕДЕН МАЖ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО СЕМЕЈНАТА КУЌА
– На 04.09.2026 година во 22:54 часот во СВР Куманово е пријавено дека во семејна куќа во Куманово бил пронајден починат Д.М.(47) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција






