Ние сме едно големо ништо?!

„Внимавај на твоите мисли, тие стануваат зборови. Внимавај на твоите зборови, тие стануваат дела. Внимавај на твоите дела, тие стануваат навики. Внимавај на твоиете навики тие стануваат твоја судбина.“ – вели кинески филоџзоф Лао Це.
Мерсел Биљали
Македонија од почеток немаше многу среќа со своето лидерството, и затоа пропушти бројни можности да направи функционална држава. И тие отстапки што ги направи, голиот инает ја терше со мака да ги ефектуира. Заедно со Словенија тие беа најперсективните држави во целиот бивш социјалистички блок, но магарешкио инает направи таа да остане последна во Европа. Немаше и нема мудро лидерство. Силните лидери гледаат можност во секоја тешкотија, а не тешкотија во секоја можност. „Лошиот морнар се плаши на олујата, добриот очекува времето да се смири, а најдобриот ги прилагодува едрата“ – вели Џон Максвел. Водењето држава е многу слично пловењето кajшто има убави времиња, но и опасни бури.
Нашите мали водачи се однесуваа цело време како да сме центарот на селената. А ние сосема џуџасти, со неизвесна иднина. Ако исчезнале една силна Спарта, Римското Царство и Монголската Империја, која друга држава може да се надева дека ќе трае вечно? Се распаднаа и големата суперсила Советски Сојуз, а и една од најуспечните економии во 20 век – Југославија. А што со нас што од почеток ја утепавме нормалноста, па затоа и по 36 години сè уште пловиме по опасно невреме со скинати едри и расипан брод. Шупливите мозоци не носат вода. Патем, сега имаме најниска минимална плата во регионот (Црна Гора – 750 евра, Србија 741 евра, БиХ – 535 евра, Koсово – 499 евра, Албанија – 481 евра, а Македонија последна со 423 евра).
По падот на социјализмот во источна Европа, ние сè уште стоевме добро. Но, партизацијата и лошата приватизација нè закопаа. Дури и по 36 години нормалноста никако да ни се врати.
Нормалноста бега од нас а ние бегаме од неа. Од корисно едноумие стасавме во тотално безумие! Како причина, едни ја посочуваат лошата приватизација, други лошото лидерство, трети дека сме комплексивно општесто, четврти вината ја бараат во изборните модели и системи, итн. А криминалот започнува таму каде што државата завршува. Сега глупостите ни стана општо јавно добро. А ретките лидерски средби наликуваат на убава колекција ножеви зад грб. Никој не можел да нè оптовари со толку маки колку што самите можеме да ги направиме. Наместо државници, поддржуваме „евтини и штетни политичари, чиј дострел се следните избори, но не и следните генерации“ – вели Џејмс Кларк.
Македонија си игра со сопствената судбина!
За жал, стасавме до групата најзадолжени држави на светот. Претходните долгови се должи на постојаните фискални дефицити од пандемијата кои во просек изнесуваа околу 5 проценти годишно, вели претходниот директор на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. сепак, поради алчноста на власта за пари, попратено со отсуство на механизми за контрола на трошењето, јавниот долг сега наликува на авион без пилот!
Владата лажно се фалеше дека има некаков „договор за стратешко партнерство“ со Велика Британија! И дека тоа ќе послужи како чадор во случај на „бура“. Но, досега не видовме ништо од тоа партнерство. Наместо мед и млеко, добиваме лук и вода. А олигарсите, поради кои властите не можат да донесат закон за конфискација на недокажан имот, сè уште се надеваат на некоја нова „шведска маса“.
Лош изборен модел!
Во принцип, изборните модели се алфа и омега за здраво општество и заздравување на болно општество. Постоечкиот пропорционален модел, во наши услови, се покажа како катастрофа во движење, бидејќи лидерот одлучува кои ќе бидат кандидатите и како ќе бидат рангирани, и станува неприкосновен во добро и лошо. Неговиот единствен критериум за наградување или казнување е послушноста и непослушноста кон него. А за да имаме силна законодавна власт како „судски чекан“ над владата, потребно е да имаме изборен модел каде што победуваат најсилните и најправедните. А не најпослушните. Вака како што е, никогаш нема да избереме подобри отколку што заслужуваме. Само „мнозинскиот изборен модел“ дозволува индивидуална конкуренција меѓу кандидатите, па партиите внимаваат кого ќе истакнат во таков силен директен „дуел“. Она што го имаме сега е отровна стоногалка. Граѓаните не знаат на кого да се обратат меѓу тие 20 пратеници во една изборна единица, бидејќи секој ја префрла топката на друг колега. Тие знаат дека казната нема да биде лична. Постојниот систем има една вродена маана – ги обезвреднува чесните и храбрите пратеници и ги промовира послушните.
Затоа е од витално значење водачите да имаат што е можно помалку моќ. Бидејќи тие се оние што го водат „стрелачкиот вод“ за екзекуција на Јустиција. Таа не може да ја мери правдата со вага и превези за очи, додека некој ја удира силно по главата со судски чекан. Не е случајно тука што криминалците имаат сè освен име и презиме!
Сите бегаат од нас!
Секое нормално општество претендира да создаде нормални институции, кое е можно само при ептен нормален систем. Поминаа 36 години без ниту еден чекор напред. За толку време, Титова Југославија 13 кратно го зголеми квалитетот на животот. Црна Гора може да ги заврши преговорите со ЕУ до крајот на 2026 година, а 2028 година е реална година за членство, изјави во интервју за „Европулс“ на Радио Црна Гора, доцент д-р Предраг Зеновиќ, главен преговарач на Црна Гора со ЕУ. Тој вели дека геополитиката може да го забрза процесот на европска интеграција, но не може да го замени спроведувањето на реформите, додека продолжувањето на тој процес го гледа како еден од главните услови за поддршка на сите земји-членки на ЕУ. Албанија ја отвора последната група преговарачки кластери со ЕУ. Таа за нешто повеќе од една година, ги отвори сите шест кластери, кои европските претставници го оценија како напредок постигнат „со невидено брзо темпо“! А Мицковски нè теши со пустинска илузија!
Младите си заминуваат затоа што гледаат дека државата станува партиски огранок. Власта произведува етничка омраза за да создаде магла. Затоа, нашето „ново сонце што се раѓа“ е целосно затемнето. Тука, мудроста лесно венее, а глупоста брзо цвета. Власта не само што ги мрази ѕвездите на ЕУ, туку има и голема колекција ножеви во грбот! А Мицковски и неговото ехо Давкова нè држат среде жешка пустина! Тие сакаат вечно неограничена власт, но бараат од нас „ограничените“, цената да си ја платиме. И затоа секој од нас должи фантастични 9.035 евра. Наместо неповратни пари од ЕУ, се задолжуваме до седмото небо. Јавниот долг надмина десет милијарди евра. Голем дел од тој долг се „рогови во вреќа“. Ни треба долгорочна, фер стратегија за развој. Ни треба индустрија, модерно земјоделство и фарми, квалитетно образование, инфраструктура, одржлива енергија, добро платени работни места и политики што не се менуваат секој пат кога ќе се смени владата. Без професионални институции, нема функционална држава. Без стратегија за развој, нема конкурентна економија. Без правда, нема доверба. Историчарката Дубравка Стојановиќ напиша книга со наслов „Минатото доаѓа“. Вистината е дека доаѓаат сè повеќе и повеќе.
Остануваме таму каде што бевме пред 35 години, но без половина од населението. Преполовени, затоа нè водат полуразумни луѓе. Постојано сме или на раскрсница или на кружен тек. Во Европа, возовите „летаат“ со 350 км/ч, во Кина и Јапонија над 600 км/ч, а ние, заглавени на ‘рѓосани шини, плачеме за тажната судбина што самите си ја нанесовме. Се фалиме со воз од 50 км/ч, кој се расипа на втората кривина. Триесет и пет години создадовме некомпетентна администрација, неписмено образование, болно здравство и овенато земјоделство. Создадовме лаги и глупости свиткани во екстаза. Таму каде што системот на заслуги не функционира, дури и Ајнштајн би бил принуден да работи како хигиеничар – вели еден писател. Обични маргиналци станаа господари на сопствената среќа и градители на народната несреќа.
Светските експерти за развој сметаат дека нашата земја би можела да има развоен бум со 1) модерно земјоделство и сточарство, 2) современ рурален туризам, 3) модерни спа-објекти: 4) рекреативни центри, скијачки центри, планинарски патеки, разни спортови итн. Сето ова придружено со силна реклама, организиран евтин превоз, чартер летови итн. Сите власти немаа никаква иницијатива, никаква понуда и никаква идеја. Австрија нема море, но приходите од туризам се речиси како оние на Италија, која е опкружена со море.
Мораме да се запрашаме – што точно ни се случи што нè престигнаа соседните земји кои беа 30 години зад нас (Бугарија, Романија, Албанија)?! Тие се во ЕУ или пред нејзината врата, а ние плачеме 35 години поради несреќната судбина што самите ја создадовме.
Државата треба да има планирани развојни зони во секое село и град, и да има јавни понуди достапни во кратка и едноставна постапка. Треба да ги едуцира младите луѓе дека земјоделството и сточарството се морална и материјална привилегија, а не комплекс на инфериорност. Ова се вредности, а не потценувања. Нашите полиња се претежно незасеани. Недостасува основна грижа и одржување. Огромни пространства од нашите полиња се неискористени или се посеани со производи што имаат ниска цена. Кинезите се различни од нас затоа што тие од ништо прават сè, а ние од сè правиме ништо! За жал, луѓето овде, дури и кога го фалат Бога, го следат ѓаволот. Кинеските експерти велат дека во оваа земја, со добар животен стандард, би можеле да издржат население дваесет пати поголемо од сегашното. А ние ги бркаме и оние кои сè уште се сомневаат дали вреди да се остане тука.






