Стручниот штаб на Зидан ќе брои 26 луѓе

Новиот селектор на француската фудбалска репрезентација, Зинедин Зидан, ќе има 26 лица во својот поширок штаб, објави денеска Фудбалската федерација на Франција (ФФФ).
Во јули, ФФФ објави дека француската фудбалска легенда и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе ја преземе селекторската должност, а во неговиот тим ќе бидат вклучени 26 луѓе.
Давид Бетони и Хамиду Мсаиди ќе бидат помошници, Фабиен Бартез ќе биде тренер на голманите, додека Артур Хошеде ќе биде кондициски тренер.
Во тимот на Зидан ќе има и видео аналитичар, советник за стратегија и перформанси, лекари, физиотерапевти, остеопати, агент за обезбедување, офицер за врска со Министерството за внатрешни работи, како и менаџер за логистика и безбедност.
Зидан на селекторската клупа доаѓа на местото на Дидие Дешан, кој ја предводеше француската репрезентација од 2012 година, освојувајќи ја светската титула (2018) и Лигата на нации, а беше вицешампион на Мундијалот во 2022 и на Европското првенство во 2016.
Зидан и неговиот персонал ќе дебитираат во Лигата на нации, со првиот натпревар во Турција на 25 септември.






