У15: Македонските фудбалерки поразени од Турција

– Во последниот натпревар од УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 15 години во Струмица, македонската фудбалска репрезентација загуби денеска од Турција со 4:0.
Со овој триумф селекцијата на Турција го освои првото место на турнирот додека на втората позиција се пласираше Црна Гора која во последната рунда славеше со 2:1 во соочувањето против Молдавија.
По три одиграни кола фудбалерките од Молдавија го освоија третото место и тоа благодарение на победата во дуелот против Македонија која настапот на УЕФА развојниот турнир го заврши на последната позиција.






