Малолетници нападнале, соблекле и снимале 6-годишно дете во соблекувалната на училишната спортска сала во Кочани
Случајот во полиција го пријавил таткото на детето информирајќи дека шест и пол годишникот бил нападнат од неколку други малолетници, поголеми од неговото дете
Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник од страна на група малолетници во соблекувалната на спортската сала на основното училиште во Кочани.

Случајот во полиција го пријавил таткото на детето.
„На 24.9.2026 во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете“,информираа од Министерството за внатрешни работи.
За случајот се известени надлежен јавен обвинител и Центарот за социјална работа






