Четири европски лиги од Топ 5 побараа реформи од ФИФА

Англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А и германската Бундеслига побараа внатрешни реформи во Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Барањето на четирите од петте најсилни европски лиги е поврзано со неуспешниот контроверзен план на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за продажба на комерцијалните удели на светските првенства на приватни компании.

Во заедничката изјава од четирите лиги, претседателот на ФИФА е обвинет за активно промовирање „идеи што водат кон експлоатација, наместо да се обидува да се заштити од нив“.

„Во последниве години, долгогодишните темели на фудбалот беа загрозени од фундаментален проблем во управувањето“, се вели во соопштението на англиската, шпанската, италијанската и германската лига.

Голем дел од фудбалскиот свет го зголемува притисокот врз Инфантино, кој има намера да се кандидира за нов мандат на претстојниот Изборен конгрес на ФИФА во март идната година.

Back to top button
Close