Петмина ирски фудбалери не сакаат да играат на натпреварот од Лигата на нации против Израел
Најмалку петмина ирски играчи одбија да играат на натпреварот од второто коло од групната фаза на Лигата на нации против Израел.
Ирската репрезентација не го напушти хотелот во Дебрецин за закажаниот тренинг.
И прес-конференцијата не се одржа во првично закажаниот термин 11:15 часот.
Одлуката на ирската репрезентација наводно предизвика незадоволство во рамките на УЕФА, бидејќи организацијата не била известена однапред за промените во распоредот на активностите на репрезентацијата.
Ирските играчи подготвуваат заедничка изјава. Неколку играчи наводно се незадоволни од постапките на националната федерација по одлуката за одржување на натпреварот против Израел.
Натпреварот Израел – Ирска треба да се игра утре од 20:45 часот на неутрален терен во Дебрецин (Унгарија).






