Тешко повредено дете во сообраќајка во Скопје
Малолетен пешак од Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила вчера попладне на улицата „Славеј Планина“.

Според информациите од МВР, незгодата се случила вчера, на 27 септември околу 16 часот, кога се судриле патничко возило „ауди“, управувано од 25-годишниот Б.С. од Скопје, и малолетниот пешак.
По незгодата, пешакот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по негови насоки возилото било одземено поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.
По целосното документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријав






