Бројот на заразени со ебола во ДР Конго надминаа 8.000
Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 8.000, покажаа владини податоци објавени денеска.

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека 8.067 лица се заразени со ебола од почетокот на тековната епидемија, а 3.901 починале.
Епидемијата предизвикана од сојот Бундибуџо стана најголемата и најсмртоносна во историјата на Конго, надминувајќи ја епидемијата од 2018-2020 година. Таа е исто така втора најлоша во однос на инфекциите по епидемијата во Западна Африка од 2014-2016 година, која зарази повеќе од 28.600 луѓе и уби повеќе од 11.000 во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.






