Велешани измамија стружанец (88) за 5.000 евра

Двајца велешани на возраст од 67 и 42 години, се осомничени дека измамија 88-годишен маж во Струга и му земаа 300.000 денари, откако го убедија да им ги донесе парите со ветување дека ќе биде награден.

Според пријавеното, на 6. август годинава А.С.(67) и Д.С.(42) го довеле старецот во заблуда, барајќи од него да им донесе 300.000 денари за да ги види сопругата на едниот од нив, која наводно била од странска земја.

На 88-годишникот му било ветено дека за услугата ќе биде награден. Тој им ги донел парите и им ги предал, а двајцата, како гаранција, му дале чанта за која му кажале дека во неа има околу 10.000 евра.

Откако ги зеле парите, двајцата заминале и му рекле дека ќе се вратат. Но, поминале околу половина час, а тие не се појавиле.

Човекот потоа си заминал дома и ја отворил чантата што му ја оставиле. Во неа немало пари, по што сфатил дека бил измамен.

Против А.С. и Д.С. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик

Back to top button
Close