Брускети со намаз од грашок
Голема е веројатноста дека дури и оние што вообичаено не би одбрале грашок ќе се вљубат во овој рецепт во кој грашокот е главна ѕвезда, бидејќи во комбинација со внимателно избрани состојки тој претставува совршен намаз на парче леб или брускета.

Состојки:
250 грама грашок од конзерва
сецкан магдонос
4 варени јајца
1 мало чешне лук
½ лимон (изрендана кора и исцеден сок)
100 грама сирење рикота
½ лажичка сув зеленчук и бибер
2 лажици маслиново масло
4-8 парчиња леб
Подготовка:
Ставете ги јајцата во зовриена посолена вода и варете ги 5 минути. Потоа, веднаш тргнете ги од оган и ставете ги во ладна вода. Во електрична сецкалка ставете ги исцедениот грашок, магдоносот, сецканиот лук, ренданата кора од лимон, 1 лажица сок од лимон, рикотата, сувиот зеленчук, биберот и маслиновото масло. Соединете ги состојките додека не добиете смеса налик на намаз. Намачкајте ја смесата од грашок врз потпечено парче леб и одозгора ставете го вареното јајце. Послужете веднаш, посипано со свежо мелен црн пипер.






