Летна салата со тестенини
Освежителна, шарена и едноставна салата која е одлична за топлите денови. Комбинацијата од тестенини, сочни чери домати, крцкав краставец и чајна колбасица, збогатена со пармезан и ароматичен прелив со лимон, ја прави идеална како лесен ручек, вечера или прилог.

Состојки:
250 г фусили тестенини
120 г шери домати
1 краставица
80 г чајна колбасица
1 црвен кромид
2 лажици ситно сечкан магдонос
25 г рендан пармезан
За преливот:
4 лажици маслиново масло
½ лажичка медитерански зачин
свежо мелена црна пипер
2–3 лажици свежо исцеден лимонов сок или балсамико оцет
Подготовка: Тестенините сварете ги во солена вода според упатството на пакувањето. Внимавајте да останат ал денте.
Сварените тестенини исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода за да се прекине варењето. Оставете ги добро да се исцедат и изладат.
Шери доматите пресечете ги на половинки, краставицата исечете ја на полукругови, кромидот на листови, а чајната колбасица на тенки парчиња.
Во поголем сад ставете ги изладените тестенини, доматите, краставицата, кромидот, колбасицата и сечканиот магдонос. Во мал сад измешајте ги маслиновото масло, медитеранскиот зачин, црниот пипер и лимоновиот сок или балсамико оцет. Прелијте ја салатата со дресингот и нежно измешајте за сите состојки рамномерно да се соединат. На крај додајте го ренданиот пармезан и уште еднаш лесно промешајте. Ставете ја салатата во фрижидер најмалку 30 минути пред послужување, за вкусовите убаво да се соединат.
Пред послужување можете да додадете уште малку пармезан, свеж магдонос и неколку капки маслиново масло.





