Крем-супа од тиквички
Лесна, кремаста и ароматична супа која се подготвува од едноставни состојки.

Состојки:
600 г тиквички
300 г компири
80 г кромид
1–2 чешниња лук
100 мл неутрална павлака за готвење
1,5 л вода
2 лажици путер
2–3 лажици лимонов сок
1 лажица сув зачин
Начин на подготовка: Во тенџере загрејте го путерот, па кратко пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне. Додајте ги тиквичките исечени на парчиња и динстајте уште неколку минути.
Додајте ги исечените компири, 1 литар вода и сувиот зачин. Варете околу 20 минути, односно додека зеленчукот да омекне.
Пред крајот додајте го ситно изгмечениот лук. Сварениот зеленчук изблендирајте го додека да добиете мазна и кремаста смеса. Додајте ја преостанатата вода, павлаката за готвење и лимоновиот сок. Измешајте и оставете ја супата кратко да проврие.
Крем-супата од тиквички послужете ја топла. По желба, додајте моцарела исечена на мали коцки за дополнителна кремастост и побогат вкус.
Фото: Magnific





