Џем од смокви

Мирисен, богат и со прекрасен специфичен вкус – домашниот џем од смокви е вистинско уживање!

Потребни состојки:

2 кг смокви

1 кг шеќер

1 чаша вода

ореви, исечени на четвртинки, по желба

Начин на подготовка: Смоквите добро измијте ги и отстранете ги дршките. Помалите смокви оставете ги цели, а поголемите исечете ги на половинки или четвртинки.

Во тенџере ставете го шеќерот и една чаша вода. Загревајте кратко, само колку шеќерот да се растопи. Во растопениот шеќер внимателно додајте ги смоквите. Варете ги на тивок оган околу 30 минути, со повремено и нежно мешање. Тенџерето покријте го со чиста, влажна крпа и оставете го да отстои 24 часа. Следниот ден повторно ставете го џемот на тивок оган и варете го околу еден час, со повремено нежно мешање. Доколку џемот е поредок, продолжете со варењето додека не ја постигнете посакуваната густина. Оставете го џемот малку да се излади, а потоа наполнете ги претходно подготвените, чисти и суви тегли. Доколку сакате, помеѓу редовите смокви додавајте по малку ореви.

Овој прекрасен домашен џем има посебен и специфичен вкус. Уживањето може да започне!

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close