Копилотот Украинец со џебен нож го прободе пилотот Русин за време на лет од Дубаи кон Тел Авив

Израелски борбени авиони биле испратени да го придружуваат летот на „Флајдубаи“ кон Тел Авив, со 180 патници, откако авионот испратил сигнал за итна состојба.

Според податоците за следење на летот, авионот „Боинг 737 Макс“, кој полетал од Дубаи, го емитувал кодот 7700 – меѓународниот сигнал за итна состојба – околу 90 минути по полетувањето.

Потоа, додека авионот влегувал во јорданскиот воздушен простор, го емитувал кодот 7500, кој укажува на киднапирање или друго незаконско мешање во летот.

Истовремено, авионот го променил правецот и почнал да се враќа кон воздушниот простор на Саудиска Арабија, губејќи 13.000 стапки (околу 4.000 метри) од висината за само неколку секунди.

Еден од патниците изјави за израелскиот „Канал 12“ откако авионот принудно слетал на аеродромот Табук во Саудиска Арабија:

„Слушнавме врисоци во авионот. Потоа ја отворија вратата од пилотската кабина и видовме крв, некој го избодел пилотот со џебен нож“.

Жената, чиј идентитет не е соопштен, изјави дека израелските патници, заедно со членовите на екипажот, помогнале да се совлада напаѓачот.

„Се молевме. Имаше моменти кога мислевме дека нема да преживееме“, додаде таа.

„Флајдубаи“ и израелските власти подоцна потврдија дека летот бил пренасочен кон Саудиска Арабија поради физичка пресметка меѓу пилотите. Според медиумските извештаи, капетанот бил Русин, а копилотот Украинец.

Друга жена, која се претстави како Ноам, изјави:

„Во авионот почнаа врисоци… патниците сфатија што се случува. Разбравме дека еден од пилотите бил избоден и тешко повреден, и дека ја изгубиле контролата врз авионот. Авионот почна нагло да понира. Беше многу застрашувачки“.

Инцидентот предизвика голема безбедносна реакција во Израел.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац одржаа итен безбедносен состанок.

Началник-штабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, ја процени ситуацијата заедно со командантот на Израелското воено воздухопловство.

За инцидентот беа информирани и началникот на Директоратот за операции, началникот на воената разузнавачка служба и други команданти.

Оперативниот оддел на израелската полиција нареди формирање заеднички команден центар со другите безбедносни служби.

Авионот изврши принудно слетување во Табук, во северозападна Саудиска Арабија, а според достапните информации, сите патници се безбедни.

Според „Џерусалим пост“, властите ги истражуваат наводите дека еден од пилотите се обидел да изврши самоубиство со уривање на авионот.

Вториот пилот наводно го нападнал својот колега со нож за да спречи уривање на авионот.

Според локалните медиуми, израелскиот воздушен простор исто така беше привремено затворен, а подоцна повторно отворен откако авионот слета.

Покрената е истрага за инцидентот, при што властите ги испрашуваат членовите на екипажот и го прегледуваат авионот.Авиокомпанија од Обединетите Арапски Емирати планира да испрати втор авион во Саудиска Арабија за да ги превезе патниците назад во Тел Авив, пренесува „Сан

Back to top button
Close