СДСМ: Седнале ВМРО со нивните сателити од Левица да се договараат за изборни криминали – СДСМ тоа нема да го дозволи

Соопштение на СДСМ

Седнале денеска во Министерството за правда ВМРО и нивните сателити од Левица да се договараат за изборни криминали.

Со руска партија како Левица која е анти НАТО и анти ЕУ седнале за реформски закон за ЕУ да разговараат?

Многу провидно делува партијата на далечинско која е лажна опозиција.

Организираната криминална група и арамијата не сакаат подобар Изборен законик, сакаат кражба на гласови. Тоа е нивната цел.

Затоа и ја укинаа техничката влада без консензус и без согласност на единствената опозиција – СДСМ, затоа и сега туркаат насила решенија за манипулација на изборниот процес.

Наместо да се донесе закон кој ќе обезбеди фер, транспарентни и демократски избори.

Шасивари прифатил да играта како што му свири Мицкоски. Кога зборуваат за „подобар Изборен законик”, во реалноста зборуваат за закон кој ќе им овозможи полесна кражба на изборите.

Нека не се мачи Шасивари.

СДСМ не седнува на маса со криминалци и со нивни измислени сателити нив ниту пак ќе им дозволи изборен грабеж.

Нема да поддржиме закон во кој ќе има друг начин на заокружување на гласачкото ливче поради историјата на злоупотреба на изборите во 2016 година и да нема електронско гласање на дијаспората. Нема да дозволиме отворање врата за изборна кражба.

Мицкоски е политички ослабен, рејтингот му е на историски минимум поради секојдневните лаги, а ВМРО загуби веќе 200.000 гласови.

Затоа брзаше со укинување на техничката влада и сега на сила се обидува да протурка изборен закон за кражба на 200.000 гласови од дијаспората. Изборен законик по рецепт на Вучиќ за изборна манипулација.

СДСМ уште еднаш повикува на донесување на Изборен законик кој ќе биде во согласност со европските и меѓународните стандарди, закон кој ќе ја штити војлата на граѓаните, а не интересите на една партија која се плаши од фер избори.

Граѓаните не заслужуваат изборен систем скроен по мерка на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Заслужуваат фер избори во кои ќе одлучува нивната волја, а не изборната математика на организираната криминална група.

Back to top button
Close