(ФОТО) Двајца македонски државјани во американската база „Worst of the Worst“
Двајца државјани на Македонија, Лидија Томески и Владимир Гочевски, се појавуваат во јавната база „Worst of the Worst“ на американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS – Министерство за внатрешна безбедност), каде што се објавуваат податоци за странски државјани уапсени во САД.

Кај Томески како земја на потекло е наведена Северна Македонија, а како место на апсење Клинтон, Њу Џерси. Во категоријата „Crimes“ (Кривични дела) се наведени „Fraud“ (Измама), „Fraud – Illegal Use Credit Cards“ (Измама – незаконска употреба на кредитни картички) и „Money Laundering“ (Перење пари).
Вториот македонски државјанин во базата е Владимир Гочевски. За него е наведено дека бил уапсен во Оклахома Сити, Оклахома, а во категоријата „Crimes“ (Кривични дела) е наведено „Dangerous Drugs“ (Опасни дроги).
Податоците објавени од DHS (Министерството за внатрешна безбедност) се однесуваат на апсења и категории на дела поврзани со записите на лицата. Од самите објавени картички не може да се утврди дали Томески и Гочевски се правосилно осудени за наведените дела, ниту каков е нивниот актуелен правен или имиграциски статус.
Исто така, од објавените податоци не може да се утврди дали во моментов се во притвор, се пуштени на слобода или во меѓувреме е донесена друга одлука во нивните постапки објави Скопје1.мк






