„Шкода“ повлекува 1,7 милиони возила ширум светот поради ризик од дефект на управувачот


Чешкиот производител на автомобили „Шкода“ повлекува околу 1,7 милиони возила ширум светот поради можен дефект што би можел да доведе до откажување на управувачкиот систем (волан), објави ДПА.

Ова соопштение доаѓа само неколку дена откако матичната компанија „Фолксваген“ и нејзините брендови „Ауди“ и „Сеат“ повлекоа неколку милиони возила поради истиот проблем.

Повлекувањето ги опфаќа моделите „кодијак“, „карок“, „октавија“ и „суперб“ на чешката подружница на „Фолксваген“.

Според базата на податоци за повлекување возила на германската Сојузна управа за моторен транспорт (КБА), скршена завртка би можела да предизвика откажување на воланот. Како корективна мерка, завртката на управувачкиот механизам треба да биде заменета со завртка отпорна на корозија.

„Фолксваген“ во соопштение наведе дека при интерни проверки на квалитетот бил утврден можен проблем со управувачот кај одредени возила од различни серии на модели. Портпарол на „Фолксваген“ потврди дека проблемот бил откриен во текот на тие проверки, но не даде дополнителни детали.

Back to top button
Close