Американскиот носач на авиони „Џорџ Буш“ по шест месеци поддршка на операциите на Блискиот Исток пристигна во Тајланд

Американскиот носач на авиони „Џорџ Х.В. Буш“ пристигна денеска на тајландскиот остров Пукет со околу 4.800 членови на екипажот, поради одмор и рекреација по шест месеци поминати на отворено море за поддршка на американските операции на Блискиот Исток, соопшти американската морнарица.
Во текот на последните шест месеци, носачот на авиони од класата „Нимиц“ и неговата ударна група ја поддржаа операцијата „Епски бес“, и американската поморска блокада во зоната на одговорност на Централната команда на Соединетите Американски Држави, со цел да се обезбеди поморска безбедност и стабилност на Блискиот Исток, се вели во соопштението.
Пукет е првото пристаниште во кое влегоа носачот на авиони „Џорџ Х.В. Буш“ и други бродови од неговите ударни групи, кои во март испловија од Норфолк во Вирџинија, и Мејпорт на Флорида.






