Оман не ги споделил сознанијата со „Флајдубаи“ за радикалните ставови на пилотот кој нападна колега

Властите на Оман не ја информирале авиокомпанијата „Флајдубаи“ за радикалните ставови на пилотот на компанијата кој предизвика инцидент при лет над Саудиска Арабија, објави весникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според њујоршкиот весник, додека пилотот работел за државната компанија „Оман ер“ од 2022 до 2025 година поради неговото однесување на социјалните мрежи тој бил следен од оманските власти, кои заклучиле дека покажувал „прекумерен интерес за радикалната идеологија“.

Потоа бил суспендиран од летање и упатен во програма за дерaдикализација, но властите на Оман не ги споделиле таквите сознанија со „Флајдубаи“, наведува американскиот весник.

„Флајдубаи“, наводно, извршил проверка на кривичното досие на пилотот пред да го вработи, но не контактирал со Оман за да добие информации за неговото претходно работно искуство. Властите на Обединетите Арапски Емирати ги истражуваат вработените кои учествувале во процесот на вработување на пилотот, тврди „Волстрит џурнал“.

На 30 септември, авион на „Флајдубаи“ што леташе од Дубаи за Тел Авив принудно слета на аеродромот Табук во Саудиска Арабија поради безбедносен инцидент.

Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија на 1 октомври потврди дека инцидентот бил предизвикан од напад на копилотот врз капетанот, при што пилотот бил повреден.

Back to top button
Close