Активни 14 пожари и да под контрола

До вечерва во 18:00 часот, регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 14 се активни, два се под контрола, а 17 се изгаснати, соопшти ЦУК.
Активни:
Општина Дебар: м.в. Над Боровите – крак према с. Татар Елевци и Кораб и крак кон с. Бањиште (смреки, папрат и трнливи грмушки);
Општина Чашка: с. Јаболчиште, м.в. Биков Гроб (шума и ниска вегетација);
Општина Липково: с. Стрима, место викано Гури Куќ (борова шума и ниска вегетација);
Општина Тетово: над Боговинско Езеро на Шар Планина (пасишта);
Општина Куманово: депонија Краста (депонија);
Општина Желино: с. Мерово (ниска вегетација);
Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација);
Општина Ново Село: с. Мокриево (стрниште);
Општина Новаци: с. Добровени (ниска вегетација и стрниште);
Општина Виница: место викано Слатина (ниска вегетација и ретка шума);
Општина Сарај: с. Раовиќ (мешана шума);
Општина Сарај: с. Буковиќ (ѓубриште);
Општина Бутел: кај Смилковско Езеро (депонија);
Општина Студеничани: с. Цветово (ниска вегетација и мешана шума).
Под контрола:
Општина Центар Жупа: с. Долгаеш, местото Три Чешми – Центар Жупа (сува трева и нискостеблеста шумска вегетација);
Општина Студеничани: помеѓу с. Драчевица и с. Цветово, м.в. Калдиред (ниска вегетација).






