Пезешкијан: Преговорите со САД беа бесмислени


Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денеска на средбата со ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан во Техеран изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави биле бесмислени, јавија иранските државни медиуми.

– Преговорите немаат смисла со непријателот кој секојдневно тероризира, воведува санкции, врши притисок и се заканува – рече Пезешкијан.

Иран вчера соопшти дека САД одговориле на „седмодневниот план“ на Техеран, како и дека тој одговор во моментов интерно се разгледува, додавајќи дека ја задржува подготвеноста за други сценарија доколку напорите за постигнување мир не успеат.

Најновиот ирански седмодневен план иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го изнесе за време на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, со цел да се стави крај на судирите со САД и повторно да се отвори стратешки важната Ормуска Теснина.

Планот налага САД во рок од седум дена да исполнат низа предуслови, што вклучува прекин на сите воени активности и непријателства, вклучително и во Либан, прекин на поморската блокада на иранските пристаништа, укинување на санкциите за извоз на иранска нафта и одмрзнување на милијарди долари ирански средства во странски банки.

Back to top button
Close