Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад


Русија подготвува нов масовен напад врз Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на најновите разузнавачки податоци на украинските служби.

„Подготвуваме одговор“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по средбата со владини и воени претставници.

Украинскиот претседател соопшти и за руските напади врз неколку болници во изминатите 24 часа, особено во Краматорск и Криви Рог.

Во врска со противвоздушната одбрана, Зеленски потврди дека Украина ја поседува потребната муниција за своите авиони Ф-16, како и капацитети за пресретнување, но напомена дека ситуацијата и понатаму е „најтешка“ кога станува збор за системи способни да пресретнат балистички ракети, чии резерви целосно зависат од странските партнери.

Киев исто така подготвува нови логистички мерки како одговор на она што Володимир Зеленски го опишува како руска операција насочена кон украинската транспортна и инфраструктура за снабдување.

Back to top button
Close