КСЗД ќе ги претстави резултатите од истражување за сексуално насилство во образованието

Презентација на резултатите од истражување за сексуално насилство меѓу вработените во образованието, спроведено на примерок од 1.000 испитаници во рамки на проектот „Виолет“, како и на новиот Ресурсен центар за еднаквост и недискриминација, ќе биде во фокусот на брифингот што денеска ќе го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

На настанот ќе бидат претставени и наодите поврзани со положбата на бремените работнички ангажирани со договори на определено време, како и Општата препорака на КСЗД во оваа област.

Од Комисијата најавуваат и активности за подобро препознавање и спречување на сексуалното вознемирување на работното место преку кампањи насочени кон информирање на јавноста за начините на препознавање и пријавување на ваквите случаи

Back to top button
Close