Таравари не си оди од лидерската позиција во Алијанса за Албанците – смета дека членството би паднало во депресија

Претседателот на Алијансата за Албанците – Арбен Таравари размислува дали да ја напушти лидерската функција во партијата, но тесното раководство на партијата се спротивставило, па загрижен е дека ако тој замине, членството ќе падне во депресија.

Ова Таравари го изјави синоќа во емисијата „Клик Плус“ на тв 21

-Во партијата немаше сомнежи дали треба да останам или не, но имаше сомнежи и дилеми во мене. Го отворив ова пред тесното раководство на партијата – вели Таравари.

-Не дека не сум сигурен, но мислам дека секој политичар има рок до кога треба да биде активен. И јас јавно го кажав ова дека 10 години за еден политичар се доволни – рече Таравари.

Смета дека нема противкандидат за позицијата претседател на Aлијанса за Албанците и додава дека доколку си замине шест месеци пред изборите, тоа би создало депресија кај членовите на партијата.

-Но, колку што можам да видам, немам конкурентски кандидат, но дури и да има, тоа е добро. Размислувам за опцијата Б, дека ако не се кандидирам, мислам дека треба да имаме консензуална личност која сите треба да ја поддржиме. Тука е мојата главна загриженост. Дека ако имаме избори за шест месеци, не е добро и здраво од партијата да се повлечам и тоа создава одредена депресија кај членството. Бидејќи ако се избере новиот претседател, му требаат една, две, три години за да го консолидира членството – рече Таравари.

Back to top button
Close