Маж и жена правеле ајвар и ја запалиле викендичката во Горно Соње — морала да интервенира пожарна

Маж и жена предизвикале пожар во викендичка во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, па морале да интервенираат пожарникари.

„Вчера околу 19:50 часот е пријавено дека во село Горно Соње, скопско, настанал пожар при што била опожарена викенд куќа и трева. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото и извршија разговор со Д.М.(74), сопственик на викенд куќата, кој појаснил дека со сопругата правеле зимница и во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето, во кое најверојатно имало жар и си заминале, по што настанал пожарот“, велат од МВР.

Според МВР, нема повредени од инцидентот, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита од Скопје го изгаснала пожарот.

Back to top button
Close