Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Времето денеска наутро ќе биде свежо, а во текот на денот ќе сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Back to top button
Close