Грција купyва американско оружје за 4 милијарди долари
Грција ќе купи американско оружје и воена опрема во вкупна вредност од 4 милијарди долари, договор постигнат за време на посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Атина, објави „Катимерини“.

Околу 1,2 милијарди долари ќе бидат издвоени за купување ракети и прецизно наведувани бомби за грчките воздухопловни сили. Тие ќе бидат наменети и за борбените авиони Ф-16 што се користат во моментов и за 20-те авиони Ф-35, чии испораки во Грција се очекува да започнат кон крајот на 2029 година.
Околу милијарда долари ќе бидат искористени за идната модернизација на 37 грчки борбени авиони Ф-16 Блок 50 до стандардот Вајпер. Грција веќе има 83 авиони Ф-16 Вајпер, објави „Катимерини“.
Се очекува модернизацијата на грчката флота од ловци Ф-16 да биде завршена до крајот на 2027 година.
Дополнителни 800 милиони долари ќе бидат насочени кон одржување на постари авиони Ф-16, а 750 милиони долари се планирани за последователно одржување на хеликоптери МХ-60 и хеликоптерите Блек Хок, чии испораки во Грција ќе започнат следната година.






