Прекинато е рочиштето за „Пулс“ откако на еден адвокат му се слошило
Денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е во прекин откако на еден од адвокатите во судницата му се слошило.

Адвокатот бил упатен на преглед во Брзата помош, по што судењето било прекинато. Паузата трае повеќе од 40 минути, а засега нема информација во кој момент рочиштето ќе продолжи.
Прекинот предизвикал незадоволство кај родителите на жртвите, кои реагираат дека со ваквите прекини дополнително се одолжува судскиот процес.
Судот засега нема соопштено кога ќе продолжи денешното рочиште






