Фицо: Навредливата статуа на Трамп во Европскиот парламент е знак за пропаста на ЕУ

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска повика на отстранување на навредливата статуа на американскиот претседател Доналд Трамп од Европскиот парламент, опишувајќи ја како знак за пропаста на целата Европска унија.
„Исмејувачката статуа на американскиот претседател Доналд Трамп, поставена во просториите на Европскиот парламент, е знак за пропаста на целата ЕУ. Не се согласувам со сите политики на американскиот претседател, ниту оддалеку. Но, во време што бара дијалог и меѓусебна почит, навредувањето на нашите партнери во официјалните простории покажува длабоко неразбирање на времето во кое живееме“, напиша Фицо на социјалната мрежа „Икс“.

Според неговата оценка, „тажно е што раководството на Европскиот парламент, во своето слепило, повеќе не може да направи разлика меѓу легитимното право на поинакво мислење и постапките на духовно банкротирани поединци, авантуристи и лудаци“.






