Агенти на имиграциската служба на САД застрелаа и ранија маж во Њујорк, градоначалникот Мамдани со протест до Трамп

Агенти на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) пукале и раниле маж кој бил во автомобил со дете во квартот „Марбл Хил“ во Њујорк, пренесоа светските медиуми, повикувајќи се на соопштија од градоначалникот на метрополата, градската полиција, како и на сведоци на настанот.

epa13290631 Protesters march from the crime scene to the nearby hospital after an ICE officer allegedly shoots a man in New York, New York, USA, 08 October 2026. A shooting involving federal law enforcement ICE agents was reported in the Marble Hill neighborhood of the Bronx, where the New York Police Department (NYPD) was not involved or present at the scene. The individual who was shot remains conscious and is receiving medical treatment at a nearby hospital, according to the NYPD. EPA/SARAH YENESEL

Првичните извештаи сугерираат дека агентите го опколиле мажот и петгодишното дете во неговиот автомобил пред да испукаат повеќе куршуми, рече градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани.

„Разговарав по телефон со претседателот (Доналд) Трамп и секретарот за внатрешна безбедност Малин, приговарајќи за ослободување на маж застрелан од агенти на ИЦЕ. Тие преговори беа неуспешни“,рече Мамдани на прес-конференција доцна синоќа.

Тој рече дека побарал од администрацијата на Трамп да ги суспендира операциите на Службата за имиграција и царина во Њујорк, посочувајќи дека овие акции го прават градот помалку безбеден.

„Овој град сака ИЦЕ да се повлече. Сакаме ИЦЕ да се повлече од нашиот град, од нашите училишта, од нашите болници, од нашите улици и сакаме ИЦЕ да се повлече од нашите деца“,рекол Мамдани.

Кратко време по инцидентот, демонстранти почнале да се собираат во областа, од кои некои носеле транспаренти со натписи: „Затворете ги сите агенти на ИЦЕ што убиваат“ и „Оставете ги нашите соседи на мира“, пренесе „Гардијан“.

Градоначалникот навел дека дека детето во автомобилот не било физички повредено. Комесарката на полицијата на Њујорк, Џесика Тиш, рече дека њујоршката полиција, откако ја проверила состојбата на детето го предала на член на семејството.

Одделот за внатрешна безбедност, кој ја надгледува ИЦЕ, соопшти дека агентите на службата спроведувале операција во областа Бронкс во Њујорк со цел да уапсат маж од Доминиканската Република со претходно криминално досие.

Според комесарот на њујоршката полиција, Тиш, станува збор за 28-годишен маж кој бил уапсен двапати во Њујорк, во 2023 и 2025 година.

За време на инцидентот, агент на имиграциската служба пукал од огнено оружје, ранувајќи странски државјанин со претходно криминално досие, соопшти Министерството за внатрешна безбедност, додавајќи дека агентите на ИЦЕведнаш пружиле медицинска помош. Мажот е жив и е пренесен во локална болница.

Пукањето се случило околу 16 часот по источно американско време (22 часот според средноевропско време), соопштиле од Министерството.

Педро Алмарез, вработен во ресторан во близина на местото на пукањето, за медиумите изјавил дека откако слушнал истрели и излегол надвор каде забележал неколку лица облечени во униформи на Службата за имиграција и царина.

Тој во изјава за Ројтерс рекол дека на местото имало многу агенти со три или четири автомобили. Според неговата изјава екипи на њујоршката полиција (NYPD) на местото пристигнале околу 10 минути подоцна, а ранетиот човек бил извлечен од автомобилот дури откако пристигнала итната помош.

Откако претседател Доналд Трамп се врати на функцијата во Белата куќа, федералните имиграциски агенти пукаа во најмалку 21 лице, при што досега загинаа седум, во рамките на неговата политика против илегалната Инцидентите предизвикаа протести низ САД. Критичарите велат дека притисокот на Трамп да ги засили депортациите довел до растечки број насилни судири и ја обвинуваат администрацијата дека ги штити агентите вклучени во инцидентите од последиците од нивните постапки.

Трамп рече дека многу мигранти мора да бидат депортирани, обвинувајќи ги, честопати во широка смисла, за финансиски измами и насилни злосторства.

Back to top button
Close