Петрова – Чамова: Го прашав Муцунски за временската рамка за уставните измени, ми одговори дека треба да се гради “чувство на доверба”
Петрова Чамова во изјава дадена по разговорите истакна дека посочила дека на средбата го прашала Муцунски за временската рамка кога уставните измени би се случиле, а Муцунски, според неа, и одговорил дека треба да се изгради чувство на доверба.

Во однос на прашањето за посмртните останки на цар Самуил, Муцунски и Петрова Чамова изјавија дека тоа прашање не било дискутирано на средбата.
Во однос на средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, Муцунски информира дека разговарале за повеќе теми, меѓу кои и за билатералниот однос со Бугарија и за можноста Европската Унија да биде продуктивна во тој процес.






