Шест полицајци суспендирани за случајот со натепаните момчиња

Шест полициски службеници ќе се соочат со дисциплинска постапка и мерки за суспензија поради утврдени неправилности при полициско постапување во случајот од 7 октомври, кога наводно била употребена прекумерна физичка сила врз лица, при што им биле нанесени телесни повреди.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и дејствија за целосно расчистување на настанот.

Од извршените проверки, обезбедените видеоснимки и изјавите на сведоци, утврдени биле низа неправилности во постапувањето на полициските службеници.

Поради тоа, против шестмина полицајци ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, а ќе бидат изречени и мерки за нивно отстранување од работното место, односно суспензија.

Во однос на пријавите за можни кривични дела, поднесени до Одделот за внатрешна контрола и Секторот за внатрешни работи Скопје, надлежните обвинителства издаваат наредби за вештачења, по кои се постапува.

Од МВР информираат дека по документирањето на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Случајот се однесува на наводната прекумерна употреба на полициска сила врз момчиња, а постапката треба да ги утврди сите околности и одговорноста на инволвираните службеници.

Извор: skopje1.mk 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close