Алкалоид убедлив против Струга


Ракометарите на Алкалоид ја постигнаа шестата победа откако вечерва во првиот натпревар од 7.коло до Супер лигата ја совлада Струга со 33:22. Со денешната победа Алкалоид се изедначи на врвот на табелата со Вардар со по 12 бода, но со натпревар повеќе.

Гостите од Струга беа рамноправни само во првите десетина минути до 3:3, по што следуваше серијата на домашниот тим од 6-0 со што беше најавена победа. На почетокот на вториот дел Алкалоид стигна и до двоцифрена предност – 19:9 (34.минута).

Никола Костески со 6 голови (4 од седмерец) беше најефикасен кај домашниот тим, додека Иван Галевски дуелот го заврши со 16 одбрани.

Најдобар стрелец кај Струга беше Мице Шилегов со 5 голови сите од седум метри.

Од оваа рунда во сабота се играат дуелите Прилеп – Еурофарм Пелистер и МРК Куманово – Младост, а во недела на програмата е дуелот: Мулти Есенс – Охрид. Колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелите: Вардар – Бутел и Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш.

Back to top button
Close