СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
Соопштение на СДСМ

Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони.
Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат.
Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години.
Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен.
Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак.
Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година.
Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците.
Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг.
Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство?
Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат?
Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ.
Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации.
Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа.
Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши






