Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија

На неколку училишни адреси во Белград утрово се примени дојави за поставени бомби, а пријави пристигнуваат и од други градови во Србија, неофицијално дознава белградски „Блиц“.

Засега, според информации на весникот, пријави за бомби стигнале и до училиштата во Нови Сад и Бачка Паланка.

Белградската полиција околу 9:30 часот била известена дека неколку е-адреси добиле пријави за наводно поставени бомби во училиштата низ главниот град.

Децата биле итно евакуирани, според стандардната процедура, а екипите на криминалистичката полиција биле испратени на терен и во тек е инспекција на училиштата.

Back to top button
Close