Макрон во посета на земјите од Персиски Залив за да обезбеди резерви на гориво

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска почна турнеја по земјите од Персиски Залив за да обезбеди резерви на гориво и да ги намали цените на бензинските пумпи.

Макрон прво ќе го посети Кувајт, каде е предвидена средба со емирот Машал ал Ахмад ал Сабах.

Од Кувајт, Макрон ќе отпатува за Обединети Арапски Емирати, Бахреин и Катар.

Макрон замина во странство и покрај кризата во Франција со насилните демонстрации и одговорот на полицијата. Тој патувањето го оправда со потребата да обезбеди резерви на гориво.

Макрон во Кувајт ќе разговора за снабдувањето со керозин и дизел за француските прекуокеански територии како што се Реунион и Мајот.

Државите од Заливот се многу заинтересирани за снабдување на светот, вклучително и на францускиот пазар, но за нив е тешко да преземат цврсти обврски сè додека регионот не се стабилизира, изјави експертот за енергетика во Францускиот институт за меѓународни и стратешки односи (IRIS), Франсис Перен, кој не очекува патувањето да има какво било влијание врз цените

Back to top button
Close