Украина по првпат евакуираше ранет војник од фронтот со воздушен дрон

Украинската армија денеска соопшти дека по првпат извршила воздушна евакуација на ранет војник од фронтовската линија со помош на дрон, што според официјален Киев претставува прва ваква документирана операција во зона на борбени дејствија во светот.

Според информациите од единицата за беспилотни системи при 92-та механизирана бригада на украинските вооружени сили, војникот бил ранет на позиција од која вообичаеното извлекување по копнен пат било невозможно поради мини и руски дронови.

„Затоа специјалистите од компанијата со која соработуваме презедоа иницијатива да изведат операција без преседан: да евакуираат војник со помош на беспилотно летало“, објави бригадата на социјалната мрежа Фејсбук.

Во објавата е приложено и видео снимено со камера поставена на дронот. На снимката се гледа како леталото со кружна конструкција и со неколку пропелери му се приближува на војникот на отворено поле, по што ранетиот се прицврстува со ремени за дронот, а леталото го крева во воздух и го извлекува од фронтот.

Украинската компанија „Гурзуф дифенс“ (Gurzuf Defence), производител на овој дрон, соопшти дека спасувачката операција траела еден час и 14 минути, при што беспилотното летало измиминало 62 километра. Додека слични операции со роботизирани копнени дронови веќе станале вообичаена практика на фронтот, а во Кина се изведувани и цивилни спасувачки операции со воздушни дронови, ова е прв случај на воздушна евакуација во услови на војна.

Сепак, Павло Фелдблум, коосновач на „Гурзуф дифенс“ (чија компанија името го добила според неговиот армиски повикувачки знак „Гурзуф“), истакна дека не верува оти воздушната евакуација со дронови ќе стане масовна практика.

„Ризиците за ранет човек во воздухот се премногу големи. Воздушниот транспорт е крајна мерка, кога нема друга възможност човекот да биде спасен“, наведе тој во соопштението.

Двете завојувани страни во Украина масовно ги користат дроновите за напади врз непријателски позиции, за извидување, надзор и за доставување храна и муниција до фронтовската линија.

Back to top button
Close