Хумус од печена тиква  

Без разлика дали се служи со крекери или препечен леб, хумусот од тиква ќе воодушеви со својот кремаст есенски вкус.

Состојки:

500 грама исчистена тиква

1 лажичка цимет во прав

3-4 каранфилчиња

2 лажички мелен магдонос

1/2 лажичка мускатно оревче

1/2 лажичка бибер

1/2 лажичка мелен кумин

1 лажичка слатка пиперка во прав

2 чешниња лук

1 конзерва сварен наут (240 г нето)

1/2 лимон

маслиново масло

Подготовка:

Во загреано тавче ставете цимет, каранфилче, магдонос, мускатен орев и бибер и кратко загрејте додека не почне да се шири мирисот на зачините (околу 1 минута). Додадете кумин и лукче, па продолжете да печете додека лукчето не почне да пука, додадете слатка пиперка во прав и сомелете сè во фин прав. Исечете поголеми коцки тиква, наредете ја на плех и посипете ја со мешавината на зачини, посолете, попрскајте со маслиново масло, па сè печете во загреана рерна на 200° C, 30 минути. Извадете го плехот од рерната, оставете малку да се излади, и префрлете во блендер. Додадете наут, сок од лимон, две лажици маслиново масло, и сè добро измешајте.

Сервирање:

Префрлете ја смесата во сад, посипете со малку маслиново масло и сервирајте со крекери или препечен леб.

Фото: Magnific

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close