(Видео) Мажи со фантомки влегуваат во Пионерскиот парк во Белград, полицијата ги пропушта
Групи непознати мажи, претежно облечени во црна облека, вечерва влегуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград, а дел од нив носат качулки и фантомки, објави српскиот портал „Нова.рс“. објави Скопје1.мк
Медиумот дошол до видеоснимки на кои, како што наведува, се гледа како полицијата ги пропушта мажите да влезат во паркот од правец на Андриќев венец.
На снимките се забележуваат повеќе лица во темна облека, од кои некои имаат покриени лица. Според објавените информации, тие се собираат во поголем број во паркот, во непосредна близина на државните институции во Белград.
Околу локацијата е забележано засилено полициско присуство, со распоредени припадници на жандармеријата и полициски возила.
Дополнителни полициски сили се забележани и на други локации во центарот на Белград, вклучително и во близина на зградата на Републичката изборна комисија.
Од страната на „Студентите победуваат“ упатија повик до граѓаните да не се собираат во близина на местата каде што е забележано засилено присуство на полицијата и на лица без униформи.
„Ги повикуваме сите граѓани на Белград да не се собираат во близина на местата каде што е забележано засилено присуство на полицијата и на лица без униформи. Безбедно, мирно и достоинствено до крај“,порачаа студентите.






