РИК- Прелиминарни резултати од денешните парламентарни избори може да се очекуваат околу 21:15 часот.

Европската демократска партија денеска предупреди на можноста луѓе поврзани со Српската напредна странка да предизвикаат конфликти во Србија вечерва, околу 21 часот, кога се очекуваат првите проекции за резултатите од парламентарните избори, наведувајќи дека добила повеќекратни предупредувања за можни провокации.

Во итна изјава, потпишана од советникот за стратешки комуникации на ЕДП, Алесио Де Џорџи, европската политичка партија ја повика полицијата итно да ги заштити гласачите, кандидатите, студентите и набљудувачите.

Студентите во блокадата ги повикаа граѓаните на Белград да не се собираат во близина на местата каде што е забележано зголемено присуство на полиција и неуниформирани лица. Нивната порака доаѓа во време кога дополнителни полициски сили, вклучувајќи и припадници на жандармеријата, се распоредуваат во центарот на главниот град за време на денот на изборите.

Белградските медиуми објавиоја дека е тензично во центарот на градот . Повторно се поставуваат шатори во Ќациленд спроти Собранието и таму се регистрирано пшрисуство на луѓе облечени во црни јани и со качулки на главите. Исто така, има и голем број лица и пред Собранието на Србија. Припадници на Министерството за внатрешни работи, односно Полициската бригада, се исто така на тие две места, но не спречуваат собирања.

 

„До 19 часот, според нашиот примерок, излезноста е 66,8 проценти“, изјави претставник на Студентската листа на прес-конференција, половина час пред затворањето на гласачките места.

„Овој процент ја надминува вкупната излезност на парламентарните избори во 2023 година, која изнесуваше 58,77 проценти“. Преведено во бројки, до 19 часот гласале 4.310.000 граѓани.

„Тоа е речиси половина милион повеќе од вкупниот број гласачи во 2023 година“.

Штабот на Студентската листа ги повика граѓаните да останат смирени и прибрани.

Тие повторно се обратија до јавноста по затворањето на гласачките места на вонредните парламентарни избори во Србија и ги повикаа граѓаните да останат во своите градови, да помогнат во заштитата на резултатите од изборите и да избегнуваат места каде што е зголемено присуството на полицијата и неуниформирани лица.

„Со затворањето на гласачките места, изборниот процес не е завршен. Ќе следат броењето на гласовите, записниците и предавањето на изборните материјали на локалните изборни комисии“, изјавија претставниците на Студенстката листа.

 

Денеска во Србија се одржаа вонредни парламентарни избори, кои се одбележани со голема излезност. Гласачките места се затвораат во 20:00 часот. Граѓаните кои во тој момент биле во ред пред гласачкото место или во негова непосредна близина не го губат правото на глас бидејќи изборната комисија е должна да им овозможи гласање.

Право на глас имаа 6.451.292 гласачи, а изборите се одржуваат на 8.392 гласачки места, од кои 29 се во установи за извршување на институционални санкции и 93 во странство во 37 земји, каде што има 102.147 гласачи. Гласачките ливчиња се печатат во 29 јазични варијанти.

Вкупно 2.418 кандидати од 18 изборни листи се натпреваруваа за 250 пратенички места во српскиот Парламент, од кои половина имаат статус на малцинска листа. Прагот за влез во парламентот е три проценти.

Излезноста регистрирана до 19:00 часот е многу блиску до историскиот максимум: 67,8 проценти. На изборите во 2023 година, излезноста до 19 часот беше 55,5 проценти.

Бројот на регистрирани поединечни неправилности е исто така висок; на 48 проценти од гласачките места беа забележани фотографии од гласачки ливчиња, а дури на 30 проценти од гласачките места имаше пропусти во употребата на УВ ламби. Гласање без валидни документи беше забележано на 8 проценти од гласачките места.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close