Урнати оградите во „Ќацилиенд“, Пионерскиот парк повторно отворен за граѓаните

Пионерскиот парк во Белград повторно е достапен за сите граѓани по година и пол забрана за пристап, откако заштитните метални огради беа урнати и отстранети од просторот за време на прославата на изборната победа на студентската листа, пренесува N1.

Screenshot

Граѓаните синоќа ги исекле оградите и ги оставиле на тротоарите, со што повторно овозможиле слободно движење низ зелената површина.

Во паркот, кој од 6 март беше заземен и користен за организирање собири, останале расфрлани шатори, метални конструкции, маси и столови. Тоалетите се превртени, а видливи се и траги од пожар што избувнал синоќа, кога се запалил еден од шаторите, јавува N1.

Зеленилото во заштитениот простор е значително уништено, а од детското игралиште, кое било обновено непосредно пред заземањето на паркот, речиси и да не може да се препознае некогашниот изглед. Во паркот останала и конструкција од една бина.

Граѓаните постепено се враќаат во просторот кој во изминатиот период беше познат како „Ќацилиенд“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close