Ана Брнабиќ вчера застана да се пресмета со студентите на улиците во Белград
По вчерашниот изборен пораз на листата на Александар Вучиќ, претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, ноќеска влегла во остра вербална пресметка со граѓани на улица во Белград. Инцидентот е забележан на видео што го објави неделникот „Време“.

На снимката се гледа како Брнабиќ се соочува со маж кој држи пиво и го прашува кој од нив двајца е „пи**а“, откако, според нејзините зборови, тој претходно ѝ ја упатил таа навреда додека поминувала.
„Значи, ние сме „пи**и“ само додека не се појавиме пред вас за да ве погледнеме в очи“, му одговара Брнабиќ






