ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните
Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на најавеното поскапување на горивата и ја обвини Владата дека не презема доволно мерки за заштита на стандардот на граѓаните и домашните бизниси.

Од партијата оценуваат дека растот на цените, поврзан со војната на Блискиот Исток, дополнително ја намалува куповната моќ на населението. Затоа бараат итно да се разгледа нивниот предлог за враќање на ДДВ за горивата, мерка што, според нив, треба да важи исклучиво за македонските граѓани и домашните компании, а не за транзитните превозници и соседните земји.
Од ЛДП ја повикаа Владата да преземе конкретни чекори за ублажување на последиците од поскапувањата, а на граѓаните им препорачаа да наточат гориво уште вечерва, пред најавеното зголемување на цените утре.
„Не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност“, порачуваат од партијата.






