„Бараме минимална плата од 36.000 денари“: Филипче за амандманите на СДСМ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека пратеничката група на партијата и коалициските партнери ќе поднесат амандмани на ребалансот на буџетот, меѓу кои и предлог за зголемување на минималната плата на 36.000 денари.

Филипче оцени дека растот на трошоците за живот дополнително го отежнува секојдневието на граѓаните и порача дека работниците не треба да живеат на работ на сиромаштијата.
Тој ја повика Владата да преземе мерки за подобрување на животниот стандард и да покаже поголема грижа за граѓаните, наместо да се фокусира на партиските интереси.
Покрај зголемувањето на минималната плата, амандманите на СДСМ ќе опфатат и зголемување на студентскиот оброк, поддршка за земјоделците, лицата и децата со попреченост, градинките и здравствената заштита, како и инвестиции во индустријата и средства за Сојузот на борците.






