Савески по гласањето за шеф на ОЈО ГОКК: Кој и да биде избран нема да биде погрешен избор!

По денешното гласање за шеф на Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција, републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, истакна дека кој и да биде избран од предложените пет кандидати, нема да биде погрешен избор.

-Ова е значеен процес бидејќи обвинителската фела одлучува за тоа кој ќе раководи со ова обвинителство. Се надевам дека направениот избор ќе биде јавен обвинител кој ќе одговори доследно на задачите кои што стојат пред него и заедно со јавниот обвинител кој што ќе биде избран ќе дадеме придонес пред се кон јакнење на довербата и јасно покажување на ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата. Ова обвинителство, сите сме свесни, колку е значајно, не само за јавно обвинителскиот систем, туку и за имиџот, генерално и на нашата земја, изјави Савески.

На прашањето кој квалификации се предност за да се дојде до шефовската позиција, обвинителот рече:

Сите петмина кандидати се докажани професионалци. Кој и да биде избран нема да биде погрешен избор, напротив сите имаа свои професионални капацитети, и за секој еден од нив верувам дека подеднакво ќе може да одговори на задачата која што претстои пред тој јавен обвинител, истакна републичкиот обвинител Савески.

Во трката за раководната позиција се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Изборот се спроведува непосредно, со тајно гласање, а гласачките места ќе бидат отворени од 08:00 до 16:00 часот. Победникот пак ќе биде познат вечерва

Back to top button
Close