На 7 ноември пред Влада професионалните војници најавуваат масовен протест

6
На 7 ноември пред македонската Влада професионалните војници ќе протестираат со барање за законско решавање на нивниот статус.

Денеска претседателот на Независниот синдикат на професионални војници – Александар Насковски рече „Нашите барања се јасни и не преговарачки, законско решение за статусот на професионалните војници, зголемување на платите и обештетување на поранешните припадници на Армијата“.

Тој рече дека потпишувањето на така наречени договори со дел од војниците е чиста ПР кампања за манипулација на војниците.

-Го повикуваме Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата да престанат со само промоција и да преземат одговорност на состојбите во Армијата. Неприфатливо е од припадниците на Армијата да се бара максимална посветеност и подготвеност, а нивните плати и права да бидат нерешени прашања, рече Насковски.

Ги повика сите припадници на Армијата, како и поранешни припадници, синдикати, граѓански синдикати и граѓански здруженија и пријатели кои ги поддржуваат нивните барања, да им се придружат на протестот.

-Ова е моментот кога треба да покажеме дека сме обединети и нема да дозволиме нашите барања да бидат потценувани или игнорирани. На седми ноември да испратиме порака дека е доста од празни ветувања и одложувања и дека бараме законски решенија, повисоки плати и правда за поранешните припадници н Армијата, рече Насковски.

Back to top button
Close